Search

Студентот Љупче Михајлов учесник на Светско универзитетско комбат првенство во Бразил

Споделете

Љупче Михајлов, студент на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип учествува на Светско универзитетско комбат првенство.

Светското универзитетско првенство во комбат спортови „ФИСУ“2026 се одржува во Бразилија, бразилската престолнина на најсовремените спортови, од 8 до 13 јуни 2026 година.

Организиран од Бразилската конфедерација на универзитетски спортови – CBDU и Организацискиот комитет на Светското универзитетско првенство во борбени спортови „ФИСУ“ во Бразилија 2026, настанот ќе собере 1.500 учесници од приближно 50 земји.

Повеќе од само натпревар, настанот ќе им овозможи на учесниците од сите делови на светот да се поврзат и да разменуваат искуства во соработка и натпреварувачка средина.

Љупче Михајлов го претставува УГД и Македонија. Натпреварите, борбите, започнуваат од утре. Од нашиот претставник очекуваме достојно презентирање на Универзитетот и Република Македонија на овој значаен спортски студентски настан.