Search
|     contact@ugd.edu.mk

Ликовната академија на изложбата „Професори и студенти 2025“

Споделете
Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип достојно се претстави на изложбата „Професори и студенти 2025“, која беше свечено отворена на 17 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.
Изложбата го слави дијалогот меѓу менторите и младите уметници, прикажувајќи ја врската помеѓу искуството и свежите идеи. Со заедничко изложување на дела на професорите и нивните студенти се создава простор каде што традицијата се сретнува со современите уметнички тенденции, а методологијата со креативната слобода. На изложбата учествуваа шест високообразовни институции: Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, Факултетот за уметност и дизајн при Интернационалниот балкански универзитет, Универзитетот „Мајка Тереза“, Ликовната академија во Штип и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тетово. Од Ликовната академија при УГД – Штип со свои дела се претставија професорите м-р Јана Јакимовска и д-р Слободан Милошески, како и студентите од втор циклус – Анита Огњановска и Ана Митевска и од прв циклус – Глориа Миланова и Јована Иванова. Изложените дела се реализирани во различни уметнички медиуми, меѓу кои сликарство (масло и акрилик), цртеж, скулптура, дигитални медиуми, моден и внатрешен дизајн, фотографија и инсталација. Ова богатство на техники и пристапи го прикажува раскошот на современата македонска уметничка сцена, каде што традицијата и иновацијата се надополнуваат.
„Со заедничко изложување на дела на професорите и нивните студенти се создава простор за дијалог во кој се испреплетуваат искуството и иновацијата, традицијата и современите уметнички тенденции, методологијата и слободата на изразување“, изјави проф. Кирил Пенушлиски.