Search

Студентите од Музичка академија на заеднички настап со Национален џез оркестар на Македонија

Споделете

На 7 октомври 2025 г. во Македонска филхармонија со заеднички концерт настапија студентите од Џез одделот на Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Национален џез оркестар на Македонија.

Во преполната сала на Македонска филхармонија публиката уживаше во маестралната изведба на нашите студенти и искусните џез музичари од националниот оркестар, презентирајќи високо ниво на исполнителност и меѓусебна усогласеност.

Менторите несебично ја покажаа нивната посветеност и професионалност преку одличниот настап на студентите: 

  • Џез пијано: кл. проф. м-р Ванче Хараламповски
  1. Александар Ѓоргиевски (џез пијано);

 

  • Џез пеење: кл. проф. м-р Наташа Миха
  1. Валерија Шојлевска – вокал
  2. Ива Грујин
  3. Милица Жигмановиќ;

 

  • Џез гитара: кл. проф. м-р Сашо Поповски
  1. Тезан Хајредин;

 

  • Џез тапани: кл. проф.м-р Славчо Коцев
  1. Игор Илковски
  2. Виктор Мирчовски;

 

  • Џез бас: проф. Петре Ангелов
  1. Андреј Крстевски.