Search

СООПШТЕНИЕ за Докторски семинар на 19 мај 2026 г. и 9 јуни 2026 г. 

Споделете

Се известуваат  заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултет за образовни науки, Кампус 4, дека ќе се одржи Докторски семинар со физичко присуство на:

  • 19 мај 2026 г., со почеток во 9:00 часот, во судницата на Правен факултет.

 

Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта кај Слаџана Димишков (sladzana.mitrovska@ugd.edu.mk), најдоцна до 14 мај 2026 г.

Студентите и менторите да го потврдат своето присуство, најдоцна до 14 мај 2026 г.

  • 9 јуни 2026 г., со почеток во 9:00 часот, во судницата на Правен факултет.

 

Пријавите и презентациите да се достават на е-пошта кај Слаџана Димишков (sladzana.mitrovska@ugd.edu.mk), најдоцна до 5 јуни 2026 г.

Студентите и менторите да го потврдат своето присуство, најдоцна до 5 јуни 2026 г.

Во пријавите да се назначи активноста која ќе ја реализираат.

Студентите кои ќе презентираат докторски семинар, презентацијата треба да ја направат во времетраење од 10 мин., по што следува 5 мин. време за дискусија.

Студентите кои ќе презентираат пилот-истражувачки труд или независен истражувачки проект под менторство (докторски проект), може да го направат во време траење од 15-20 минути, по што ќе следува дискусија во времетраење од 5 мин.

За модератор на докторските семинари се определува проф. д-р Јорданка Галева.

Школа за докторски студии