Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за заверка на непарен и упис на парен семестар во учебната 2025/2026 година е продолжен уште оваа недела, заклучно со 1.3.2026 г., недела, 23.59 часот. Апелираме овие активности да бидат реализирани час поскоро, со цел навремено креирање на групите за настава во парен семестар.
Прв циклус на студии
Заверка на непарен семестар
Предуслови за заверка на непарен семестар се:
- Подмирени трошоци за партиципација (и сите други трошоци/долгови) за непарниот семестар;
- Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);
- Пријавени проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);
- 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, врз основа на партиципација или друга основа).
Напомена:
- General medicine и Pharmacy in English language – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113, која е неопходно да биде целосно подмирена при заверката на непарниот семестар, за истиот тој семестар.
- Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација + останати) на приходна шифра 723113
Упис на парен семестар
Предуслови за упис на парен семестар:
- Заверен непарен семестар;
- Расположливи средства од:

Напомена:
- General medicine и Pharmacy in English language – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113 (најмалку половина од износот кој е предвиден за цел семестар);
- Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација најмалку половина од износот кој е предвиден за цел семестар) + останати трошоци на приходна шифра 723113 + административна такса.
Втор и трет циклус на студии
Заверка на непарен семестар
Предуслови за заверка на непарен семестар се:
- Пријавени проектни задачи по сите предмети (1000 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013) – ова важи само за втор циклус на студии!
- 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).
Упис на парен семестар
Предуслови за упис на парен семестар:
- Заверен непарен семестар;
- Расположливи средства од:



