Врз основа на член 94 став 1 точка 43, во врска со член 97 став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 178/21 и 58/24), член 131 од Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Универзитетски гласник бр. 40/19) и член 3 од Одлуката на Универзитетскиот сенат за покренување, спроведување и завршување на постапката за избор на органи и тела на Универзитетот и единиците на Универзитетот бр. 0201-195/4 од 25.2.2025 година, Универзитетскиот сенат распишува
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
- Се избира ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како раководен орган, кој го претставува и застапува Универзитетот во земјава и во странство.
Ректорот се избира за мандатен период од 3 (три) години, сметано од 15 септември 2025 година до 14 септември 2028 година.
Ректорот се избира на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните и уметнички совети на единиците.
- Услови за избор на ректор:
-
- да е државјанин на Република Северна Македонија и
- да е од редот на редовните професори.
- Заинтересираните кандидати за избор на ректор ги доставуваат потребните документи за исполнетост на општите и посебните услови за избор до Универзитетската изборна комисија и тоа:
-
- Пријава по огласот;
- Одлука за избор во редовен професор;
- Програма за работа;
- Биографски податоци;
- Библиографски податоци и
- Уверение за државјанство.
- Огласот за избор на ректор трае 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на Огласот.
- Огласот се објавува во дневните весници „Вечер“ и „Коха“, како и на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (www.ugd.edu.mk).
- Кандидатите лично ја доставуваат пријавата со потребната документација во архивата на Универзитетот или препорачано по пошта на адреса: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „Крсте Мисирков“ бр.10А – Штип, со назнака „Универзитетска изборна комисија за избор на ректор на Универзитетот“.
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип