Search

Стипендии за студенти од ЕВН Македонија

Споделете

ЕВН Македонија со стипендирање на студенти запишани на технички факултети дава свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и квалитетни кадри од областа, и воедно ги стимулира идните студенти за запишување на техничките факултети.

Отворете ги вратите на можностите со нашите стипендии!
Нашите стипендии ви нудат можност да ги остварите вашите соништа и својот потенцијал. Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување, во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Кој може да аплицира:
→ Редовни студенти запишани на додипломски студии на техничките факултети
→ Студенти со постигнат успех од најмалку 8,5
→ Студенти кои положиле најмалку 80% од предвидените испити во претходните години
→ Да не повторувале година во текот на студирањето
→ Да се државјани на Република Северна Македонија
→ Студенти кои не се корисници на стипендија од друга институција или компанија

Потребни документи за аплицирање:
→ Потврда за редовен студент запишан по прв пат во зимски семестар за студиската 2025/2026 година
→ Уверение за положени испити и постигнат успех до датумот на аплицирање
→ Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија
→ Изјава за согласност за обработка и користење на лични податоци за целите на стипендијата
→ Кратка биографија (CV)

Поради ограничениот број на стипендии, селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на претходна предселекција и тестирање.

Добивањето на ЕВН стипендија претставува признание на вашите достигнувања и може да ви ги отвори вратите за идни прилики и успеси. Ве очекуваме!

Испратете ја вашата биографија на stipendii@evn.mk со назнака „За стипендија“, најдоцна до 07.11.2025.
Сите апликанти ќе бидат соодветно контактирани.