Search

Владата на Италија нуди стипендии за странски студенти за академската 2026/2027 година

Споделете

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) објави Повик за доделување стипендии за странски студенти и Италијанци кои живеат во странство (IRE) за академската 2026/2027 година.

Стипендиите имаат за цел да ја поттикнат меѓународната соработка во областа на културата, науката и технологијата, како и да придонесат за промоција на италијанскиот економски систем во светот и за ширење на знаењето за италијанскиот јазик и култура. Програмата се реализира врз основа на Законот 288/55 и неговите подоцнежни измени и дополнувања.

Стипендијата опфаќа студирање и следење на студиски програми во Италија, а е наменета за студенти кои сакаат да продолжат со своето образование на универзитети и образовни институции во оваа земја.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за Повикот и листата на земји и територии чии граѓани имаат право на аплицирање на официјалната веб-страница:
https://studyinitaly.esteri.it/ListaBandi

Апликациите се поднесуваат исклучиво онлајн преку платформата Study in Italy.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 26 март 2026 година до 14:00 часот по италијанско време.