Search

Повик за учество: Презентација за кариерни можности во НАТО

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ве поканува да присуствувате на презентација посветена на кариерните можности во НАТО, која ќе се одржи на 6 мај 2026 година (вторник), во 11 часот, во предавална 1 на Економски факултет.

На настанот ќе гостуваат претставници од НАТО, кои ќе дадат преглед на можностите за кариера, вклучувајќи:

  • практикантски програми,
  • можности за докторанди,
  • вработување во НАТО,
  • процесот на аплицирање и селекција,
  • лични искуства од работа во НАТО.

Настанот е наменет за студенти, докторанди, истражувачи, професори, како и за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе за можностите за кариера во меѓународни организации.

Задолжителна е претходна регистрација преку следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScyOTrBKHacmQ_PtFvkXz7VPtmzN-2lBC80Z6q3BHWrGu-SkA/viewform?usp=publish-editor

Ве молиме да се пријавите навреме, бидејќи бројот на места е ограничен и присуството ќе биде овозможено само за регистрирани учесници. Пријавувањето е отворено до 4 мај 2026 г.

Не ја пропуштајте оваа можност да се информирате од прва рака и да поставите прашања поврзани со кариера во НАТО.