Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го објавија Конкурсот за стипендии на Владата на Франција France Excellence, наменети за студии на ниво мастер.
Тоа е можност да се финансираат студии на ниво мастер, преку Програмата за стипендии France Excellence.
Деталните информации може да се најдат да веб-страницата на Францускиот институт во Скопје на следниов линк: https://ifs.mk/appel-a-candidatures-aux-bourses-du-gouvernement-francais/
Крајниот рок за пријавување е 15 мај 2026 година.
Стипендијата France Excellence ги покрива административните трошоци за упис на програма за државна диплома, на државните високообразовни установи, како и месечниот надомест за животни трошоци на корисникот.
Кандидатите за стипендија France Excellence треба да се информираат во високообразовната установа каде што ќе аплицираат за мастер, за да проверат дали на административните трошоци за упис се додаваат и дополнителни трошоци за студиската програма. Овие дополнителни трошоци нема да бидат покриени со стипендијата France Excellence и тие трошоци остануваат на товар на студентот стипендист.
Статусот стипендист на Владата на Франција ги нуди следниве предности:
– можност за сместување по поволна цена во студентските домови менаџирани од CROUS;
– здравствено осигурување за периодот додека не се пријавите во Фондот за здравствено осигурување;
– дополнително здравствено осигурување;
- превоз до градот каде што ќе ги следите студиите;
- културни активности по поволни цени.
Стипендистите се обврзуваат да ги следат студиите во Франција. Престои во други земји (во рамки на програмите за размена Еразмус+ или друга програма) не се дозволени за времетраењето на стипендијата.
Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
– да има македонско државјанство;
– да биде на возраст до 30 години.
Се препорачува познавање на француски јазик, ниво Б2. Приоритет ќе им биде даден на студиите на француски јазик и во доменот на природни науки.
Сепак, во исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера.
Целосната документација треба да биде на француски јазик, во еден примерок, доставена или пратена по пошта во предвидениот рок до Одделот на Кампус Франс, на адресата подолу.
Една скенирана копија, во PDF формат, да се испрати на следната електронска адреса: bourses@ifs.mk


