Search
|     contact@ugd.edu.mk

Резултати од дополнителен Еразмус+ конкурс за мобилност за студенти од втор и трет циклус студии објавен во Октомври 2022

Споделете

Дополнителниот Еразмус + конкурс за студентска мобилност за студии и пракса за студенти од втор и трет циклус студии заврши во предвидениот рок. После прегледување на целокупната документација, согласно со критериумите на избор на кандидати, Комисијата за разгледување на апликации за Еразмус + програмата, донесе одлука за избор на следните кандидати:

Студии:

  • Јане Буровски – студент на втор циклус на студии; Факултет за образовни науки
  • Ана Атанасова – студент на втор циклус на студии; Факултет за информатика

Пракса:

  • Стефан Коцев – студент на трет циклус на студии; Факултет за медицински науки

Селектираните кандидати за мобилност за студии треба да изберат Универзитет каде роковите за номинација се после 13 ноември и да го соопштат изборот на нов Универзитет најдоцна до петок (10 ноември) на e-mail адресата: icc@ugd.edu.mk