Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за заверка на парен семестар во учебна 2024/2025 година и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2025 година.
Терминот за заверка на парен семестар во учебна 2024/2025 година е од 26 мај 2025 г. до (заклучно со) 1 јуни 2025 г. (23:59 часот).
Пред заверка на семестарот студентите треба да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.
– За прв циклус студии финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;
– За втор циклус студии финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.
Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2025 година за сите три циклуси на студии е ист и ќе се реализира во следните термини:
Пријавување на испити:
– Јунска прва сесија 2025 година: Од 26 мај 2025 г. до (заклучно со) 8 јуни 2025 г. и
– Јунска втора сесија 2025 година: Од 26 мај 2025 г. до (заклучно со) 20 јуни 2025 г., 12 часот.
Полагање на испити:
– Јунска прва сесија 2025 година: Од 10 јуни 2025 г. до (заклучно со) 22 јуни 2025 г. и
– Јунска втора сесија 2025 година: Од 23 јуни 2025 г. до (заклучно со) 6 јули 2025 г.
Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус студии:
Напомена:
- Потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) студентите ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
- General medicine – студентите не уплатуваат дополнителни средства за пријавување;
- Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113.
- Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:
Приходна шифра | Сума |
723013 | 520 |
Административна такса | 50 |
520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава
Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.
ЗАБЕЛЕШКА: Заверката на семестар и пријавувањето на испитите ќе се реализира исклучиво преку електронскиот индекс за студенти.