122 години од смртта на идеологот на македонската револуционерна борба беа одбележани во Штип. Универзитетот „Гоце Делчев“ и општината Штип организираа чествување во спомен на денот на кој во 1903 година во Баница бил убиен во борба со турскиот аскер, на само 31 година.
Цвеќиња пред споменикот на Гоце Делчев пред Ректоратот на Универзитетот кој го носи неговото има положија делегации на институции, училишта, на политичките партии. Од име на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип , почит на револуционерот оддаде делегација предводена од проф. д-р Снежана Мирасчиева, претседателка на Универзитетскиот сенат на УГД.
Беседа за Делчев одржа професорката Ана Витанова-Рингачева, која направи извонреден спој на времињата и борбите кои ги води македонскиот народ, во контекст на идеите што ги промовирал Гоце Делчев, кои низ годините го следат развојот на македонската држава, заедно со апсурдите што ги носи денешното време, политика, состојби, кои ни резултираат со трагедии кои одвреме-навреме само ни покажуваат дека треба да се враќаме на идеите на големиот револуционер.