Search

Анкетата за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025)

Споделете

Почитувани колеги и студенти,

Ве молиме да одвоите не повеќе од 10 минути за пополнување на Анкетата за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025), која е отворена до 27 октомври 2025 година.

Анкетата е наменета за студенти, универзитетски кадар и даватели на студентски услуги во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+. За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка.

Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025

Анкетата претставува важен инструмент за собирање информации за корисноста, познавањето и предизвиците при користење на Европската студентска картичка, а резултатите ќе помогнат во нејзино понатамошно унапредување на Eвропско ниво.