Search

Јапонскиот амбасадор во посета на УГД по повод џез концерт

Споделете

Јапонскиот амбасадор, Н.Е. Казуја Отсука, ја посети Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Посетата се одржа по повод концертот на познатата јапонска вокалистка и џез пијанистка Маки Хачија. Таа настапи заедно со македонските музичари Јордан Костов и Славчо Коцев, создавајќи незаборавно музичко искуство за присутните.