Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Кои се предностите за студентите од дигитализацијата на УГД?

Споделете

Во пресрет на Првиот уписен рок за запишување на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (20, 21 и 22 август), поголем дел од заинтересираните за упис веќе завршија значаен дел од процедурата на аплицирање. Ова секако е благодарение на фактот дека УГД покрај тоа што десетина години е лидер во поглед на дигитализацијата во процесот на студирање, администрирање на обврските на студентите (упис, заверка на семестар, пријавување на испити, располагање со сопствените средства, електронско учење), овозможува и онлајн аплицирање за упис. Веќе повеќе од еден месец е во функција платформата за уписи на веб страната на универзитетот https://www.ugd.edu.mk/upisi/ , каде заинтересираните можат сами да креираат свој профил и да ги прикачат потребните документи. Исто така, со тоа веднаш имаат увид во поените кои ги имаат и ориентационо каде би се нашле на ранг листата.

Дигитализацијата е процес во кој УГД вложува многу, се со цел да се олесни студирањето на студентите.

„Гоце Делчев“ – Штип (#УГД) подолго време се истакнува како модерен и најдигитализиран универзитет во Македонија, кој на студентите им нуди напредни алатки и технологии кои го прават образовниот процес поефикасен, лесно достапен и современ.

Кои се предностите кои студентите ги имаат од дигитализацијата на УГД:

 

Како студент на УГД, добивате пристап до најсовремени дигитални услуги кои го поедноставуваат и олеснуваат вашиот академски развој и студентскиот живот воопшто:

Е-индекс – заборавете на хартиени документи и чекање во ред пред студентски прашања! Студентите можат брзо и лесно да го следат својот успех, резултатите од испитите и статусот на студирање преку дигиталната платформа на УГД.

 Електронско уплаќање на средства – сите административни такси и студентски обврски можат да се плаќаат онлајн, што значително го олеснува процесот на студирање.

 Е-библиотека со бесплатни материјали – УГД располага со една од најбогатите дигитални библиотеки во регионот, со над 1000 учебници, скрипти, практикуми, монографии, збирки на задачи и многу повеќе, достапни за сите студенти, без дополнителни трошоци.

 Лесна за навигација веб-страница – сите информации за студирање, предмети, професори, административни процеси, настани, актуелни вести, промоција на успешни приказни на блог и сл. за сите три циклуси на студии се достапни на јасно организирана и лесно достапна веб-страница.

Електронски распоред на часови – пред почетокот на секој семестар, студентите можат да го проверат својот распоред преку дигиталната платформа, што овозможува подобро планирање на академските и личните обврски.

 Платформа за е-учење – материјали и насоки од секој професор, како и навремени известувања за датуми за полагање, се достапни преку интегрирани системи за електронско учење.

 Академски репозиториум – студентите и професорите можат да објавуваат научни истражувања и да пристапуваат до академски трудови преку институционалниот дигитален репозиториум.

Пристап до Scopus – водечка меѓународна научна база – студентите и истражувачите на УГД имаат ексклузивен пристап до Scopus, најреномираната светска база на научни публикации и материјали.

Напредна употреба на Microsoft Teams – комуникација, наставни материјали, консултации во рамки на наставни предмети – сè е дигитализирано и ефикасно организирано преку Microsoft Teams, што овозможува подобра координација и интерактивност меѓу студентите и професорите, во комбинација со класичниот пристап на физички предавања и вежби со модерни наставни методи.

УГД официјално е најдобар универзитет во Македонија според Scimago рангирањето на Scopus – квалитетот на академските истражувања. Тоа го позиционира универзитетот како највисоко рангиран во државата на престижната листа Scimago, што претставува значајно признание за неговата научна и истражувачка извонредност.