Студентите на прв циклус студии или на постдипломски студии на високообразовните институции во Македонија имаат можност за практична работа во Народна банка. Периодот во кој може да одат на практична работа е во јуни, јули или август 2025 година, а според огласот на Народна банка, рокот за пријавување е до 15 мај.
Практичната работа може да се врши во областа на економијата, правото, информатичките науки и други области во доменот на работата на организациските единици на НБРМ.
Заинтересираните студенти до 15 мај треба да достават:
– Образец „Пријава за вршење практична дејност во Народна банка на Република Северна Македонија“; (линк)
– Упатница/Потврда од страна на високообразовната институција за вршење практична работа;
– Мотивациско писмо (кратко објаснување за областа на работењето на Народната банка за која сте заинтересирани).
Пријавата пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и студентот, заверена со печатот на Универзитетот и со потпис од овластеното лице и од студентот, се доставува до Архивата на НБРСМ или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“.
Адресата е: Дирекција за управување со човечките ресурси при Народната банка на Република Северна Македонија, бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Примените студенти ќе бидат известени до 23 мај 2025 година.
Целиот Конкурс може да се види на следниов линк.