Search

Целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“ по повод 19 години УГД

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на одбележувањето на значајниот јубилеј – 19 години од своето постоење, организира настани со богата културна програма која ги обединува академската и уметничката заедница.

Во таа насока, на 24 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет ќе се одржи целовечерен концерт на реномираниот Ансамбл „Македонија“.

Концертот претставува дел од активностите со кои Универзитетот го одбележува својот јубилеј, но и значаен сегмент од соработката во рамки на Европската универзитетска алијанса ACE2EU, која има за цел унапредување на културната и академската размена.

Со ова музичко случување, Универзитетот уште еднаш ја потврдува својата улога не само како образовна, туку и како културна институција која активно придонесува за развојот на уметноста и културниот живот во заедницата.

Од Универзитетот упатуваат отворена покана до студентите, професорите и граѓаните да присуствуваат на овој настан и заедно да го одбележат значајниот јубилеј.

Покана за целовечерен концерт на Ансамбл „Македонија“ (.пдф)