Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Универзитетот во Салерно и со Државната полиција на Италија, на 29 мај 2025 година ќе организира едукативен настан на тема „101% – Who controls your choices?“, посветен на современите предизвици поврзани со насилството и манипулацијата преку социјалните мрежи. Настанот ќе се одржи во Судница на Правниот факултет со почеток во 11:30 часот.
Настанот има за цел да ја подигне свеста кај младите за насилството на социјалните мрежи, злоупотребата на дигитални алатки и влијанието на социјалните мрежи врз однесувањето и одлуките на поединците.
Следи проекција на три кратки филмови:
- „101% Who controls your choices?“ – авторско дело на Роберта Манцо, Винченцо Капоне и Иленија Лука од Италијанската државна полиција;
- краток филм изработен од ученици од СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, под менторство на проф. Емилија Наунова;
- краток филм изработен од студенти од Факултетот за образовни науки при УГД, под менторство на проф. д-р Даниела Коцева.
По проекцијата, учесниците ќе имаат можност да се вклучат во отворена дебата со фокус на насилството во социјалните мрежи.