Search

Серија концерти на универзитетскиот ансамбл „Македонија“

Споделете

Во периодот од 12 до 23 ноември 2026 година, универзитетскиот ансамбл „Македонија“ ќе одржи целовечерни концерти во Делчево, Демир Хисар, Македонска Каменица и во Кавадарци.

„Банди – музичка приказна со ансамбл ‛Македонија‛“ е насловен овој серијал, со кој Катедрата за етнокореологија ќе се претстави во овие четири града.

Серијата започнува вечер, со концертот во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, во 19 часот, вториот настап е во среда, 18 ноември, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, исто така во 19 часот. Ден подоцна, четврток, 19 ноември, љубителите на етно звукот од Македонија во Македонска Каменица ќе можат да уживаат во изведбите во КИЦ „Романса“, со почеток во 19 часот.

Серијалот концерти завршува на 23 ноември, понеделник, со настапот на ансамблот „Македонија“ во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.