Ги информираме сите заинтересирани граѓани на 25 септември 2026 година (петок) ќе се одржи Европската ноќ на истражувачи 2026.
Овој настан опфаќа најразлични интерактивни активности кои ќе се одвиваат во текот на целиот ден во Штип, Скопје, Битола и во Охрид, но и во голем број европски градови.Европската ноќ на истражувачи е европска иницијатива посветена на приближување на науката и истражувачката работа до јавноста, создавање можности за непосредна комуникација со научниците и поттикнување интерес кај сите генерации за науката, истражувањето и иновациите. Активностите поврзани со Европската ноќ на истражувачи 2026 се реализираат во рамки на проектот CHOOSE SCIENCE – „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“ (https://choose-science.eu/).
Активностите организирани од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, по повод Европската ноќ на истражувачи 2026, ќе започнат на 24 септември, со пленарно предавање на академик проф. д-р Блажо Боев на тема „Важноста на К-Т геолошката граница во еволуцијата на Земјата“, со почеток во 11 часот, амфитеатар 2, Кампус 2.
На 25 септември (петок) во Штип, Скопје, Битола и во Охрид ќе се реализираат бројни активности во различни формати и на различни теми – од интерактивни работилници, научни демонстрации и презентации, музичко-сценски настапи, до изложби, панели, посети на лаборатории и разговори со истражувачи.
Во Штип, активностите на 25 септември започнуваат во 9 часот со Отворени лаборатории на Кампус 2. Во 10:30 часот ќе има панел-дискусија на тема Улогата на научните достигнувања врз општеството: Храната – Пријател или непријател на вашето здравје. Во 12:30 часот ќе се одржат 5 предавања на реномирани професори од нашиот Универзитет на теми поврзани со науката и истражувањата. Главната свеченост под наслов Уметност и наука под ѕвездите, ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип од 18 часот, каде што со богата културно-уметничка програма и со музичко-сценски настап ќе се претстават студентите на Музичката академија и Филмската академија. Студентите на Технолошко-техничкиот факултет ќе се претстават со модна ревија на тема „Sci-Waste: FUTURE FORM – Decoding waste, coding future”, а студентите на Ликовната академија со своите најдобри уметнички дела. Причина плус зошто да ја посетите истражувачката ноќ под ѕвездите се богатите и креативни содржини на штандовите на факултетите на УГД и некои средни училишта.
Целокупната програма на Европската ноќ на истражувачи 2026 за градот Штип може да ја погледнете во Агендата на следниов линк.


