Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип започнува со реализација на нов истражувачки проект со наслов „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација“.
Современата настава по странски јазици сè повеќе се соочува со потребата за интегрирање на интеркултурната прагматичка компетенција како клучен сегмент во образованието. Проектот има за цел да ги истражи современите пристапи во интеркултурната прагматика и да покаже како овие научни концепти можат да најдат практична примена во наставата, особено во изучувањето на германскиот и англискиот јазик, но и преку споредба со македонскиот јазик и културниот контекст.
Истражувањето ќе трае од почетокот на 2025 до октомври 2026 година и е финансирано од Министерството за образование и наука со износ од околу 30.000 евра. Партнер во проектот е Универзитетот на Југоисточна Европа (Штулов Универзитет).
Во активностите се вклучени 15 професори од Филолошкиот факултет, како и студентите од студиските програми по англиски, германски, француски, италијански и македонски јазик. Проектот останува отворен и за соработка со научната заедница и со бизнис секторот, преку идни активности и иницијативи.
Лице за контакт за дополнителни информации е проф. д-р Билјана Ивановска од Катедрата по германски јазик.