Search

Отворен и кариерен ден 2026 на УГД: Информации за идни студенти и можности за кариера

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 22 април 2026 година ќе го одржи традиционалниот Отворен и кариерен ден, наменет за средношколци, студенти и сите заинтересирани кои сакаат да се информираат за студиските програми и можностите за кариерен развој.

Настанот ќе се одржи на т.н. еднонасочна улица „Ванчо Прке“ во Штип, со почеток во 11.00 часот.

Програма на настанот:

  • 11:00 часот – Вмрежување со компании и факултети
  • 11:15 часот – Пригодни обраќања
  • 13:00 часот – Музички настап и коктел

 

Што ќе биде достапно за посетителите?

Посетителите ќе имаат можност директно да се информираат за:

  • студиските програми на УГД и условите за запишување;
  • студентскиот живот и академската понуда;
  • разговори со професори, асистенти и активни студенти;
  • меѓународни размени преку програмата Еразмус+ и Алијансата ACE²-EU;
  • практична работа во модерни лаборатории и стартап центри;
  • можности за пракса и вработување преку присутни компании.

 

Дополнително, настанот ќе овозможи директен контакт со претставници од приватниот сектор, со цел младите да добијат реална слика за потребите на пазарот на труд и потенцијалните кариерни насоки.

Цел на настанот

Отворениот и кариерен ден има за цел да им помогне на идните студенти да донесат информирана одлука при изборот на факултет и студиска програма, како и да воспостават први професионални контакти уште пред почетокот на студиите.

Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители.