Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Почнува вториот уписен рок

Споделете

Денес и утре е вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“. На некои студиски програми сѐ уште има слободни места за новите студенти, а дел од студиските програми се веќе пополнети по големиот интерес во првиот уписен рок.

„Ги повикувам да ги погледнат слободните места во вториот уписен рок. Конкурсот е објавен на нашата веб-страница. Овие два дена ги очекуваме да направат профил на нашата веб-страница и да ги пополнат информациите. Останати се околу 1600 слободни места вкупно на сите студиски програми. Првиот уписен рок заврши вчера, сите кои не успеале да се снајдат во системот нека повелат во канцелариите на Универзитетот и ќе им се помогне да го извршат уписот“, изјави проректорот на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

Третиот уписен рок е на 15 и 16 септември. Во октомври се запишуваат ранливите категории на кои им е потребна помош и некакви олеснувања. Станува збор за дополнителен конкурс, а студентите ќе бидат ослободени од половина од партиципацијата.

Сите кои се запишани ќе присуствуваат на првиот академски час на 1 октомври.