Search

Повик за учество на онлајн обука: Creating an Active Learning Environment

Споделете

Европската Универзитетска алијанса ACE2EU во рамките на програмата Applied Blended Challenge (ABC) објавува Повик за учество на еднодневен онлајн курс на тема „Creating an Active Learning Environment (ALES)“.

Цел на курсот

Оваа двочасовна онлајн обука има за цел да им помогне на универзитетските наставници да развијат поактивен и пристап во наставата кој го става студентот во центарот, преку истражување на културните влијанија, рефлексивни практики и алатки за активно учење.

Учесниците ќе бидат вклучени во колаборативни задачи, дискусии на случаи и сценарио-базирани вежби, со цел да ги зајакнат своите стратегии во наставата и да создадат инклузивна и партиципативна средина за учење.

Термин и времетраење

  • Датум на одржување: 30 октомври 2025 година
  • Време: 14:00 – 16:00 часот (CET)
  • Формат: Онлајн, во времетраење од 2 часа.

 

Што ќе добиете од обуката

По завршувањето на курсот, учесниците ќе можат да:

  • Го препознаат влијанието на културата врз комуникацијата и наставните практики во различни образовни контексти.
  • Размислат за улогите на наставниците и студентите во градењето на активна и партиципативна средина за учење.
  • Применат алатки и техники за активно учење кои поттикнуваат студент -центриран пристап и меѓународен начин на размислување.
  • Осмислат и имплементираат стратегии за создавање инклузивни и ангажирани училници.

 

Кој може да се пријави

  • Универзитетски наставнички кадар.
  • Инструкциски дизајнери, координатори за е-учење и креатори на образовни политики.
  • Млади академици кои преминуваат кон наставни модели центрирани на студентите.

 

Сите учесници ќе добијат официјален сертификат за учество.

Рок за пријавување: до пополнување на местата.

Пријави се тука: https://forms.gle/KPPjEBYwn3Z5JXH4A

Сите пријавени кандидати ќе добијат известување за прифаќање и линк за пристап до онлајн средбата.

За повеќе информации: ace2eu.ufv@gmail.com