Search

Предавање „Важноста на КТ геолошката граница во еволуцијата на Земјата“ на академик проф. д-р Блажо Боев

Споделете

Академик проф. д-р Блажо Боев со свое предавање на Универзитетот „Гоце Делчев“ го означи почетокот на „Европската ноќ на истражувачи 2026“.

УГД е дел од овој светски настан, а се чини нема подобар начин за почеток од предавање од така еминентен и реномиран професор и академик од редовите на Универзитетот.

Академик Боев одржа предавање „Важноста на КТ геолошката граница во еволуцијата на Земјата“, при што на присутните им ги доближи научните сознанија и теории за создавањето на планетата Земја, за изумирањето на диносаурусите, теориите за тој пресвртен момент, како и можностите за слични сценарија во денешно време, но и подготвеноста на науката да создаде соодветен одговор на евентуални такви сценарија.

Професорот Боев истакна и дека од извонредно значење е постојано да се потсетуваме за значењето на науката и научните истражувања, како круцијален дел од високото образование.