Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

Промовирана книгата „Основни принципи во конзервацијата и реставрацијата на недвижното културно наследство“

Споделете

На Универзитетот „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата „Основни принципи во конзервацијата и реставрацијата на недвижното културно наследство“ од професорот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Нацев.

Промотори на книгата се проф. д-р Предраг Гавриловиќ и проф. Д-р Драги Митревски.

– Ова е труд за кој ми е чест што мене ми падна да го промовирам, бидејќи се работи за едно дело на кое со години се чекаше кај нас, кое влегува во фундаментите на еден занает кој е и наука, кој е и уметност, кој е од суштинско значење за нашето културно наследство, а досега тоа ниту се проучуваше, ниту се работеше, ниту се унапредуваше. Токму затоа, бидејќи и учебник, и книга од овој тип немавме. Значи колегата Трајче Нацев направи едно издание кое ќе им служи на многу профили за да го унапредат и од кое ќе имаат аир разни профили и разни институции – рече промоторот проф. д-р Драги Митревски.

Авторот проф. д-р Трајче Нацев се задржа на тоа дека книгата може да биде и учебник, но потенцираше и дека во областа на конзервацијата на недвижното културно наследство имаме проблеми, и тоа најмногу во недостатокот на кадар.

– Целата книга што ја напишав, не е само книга, туку е и учебник во кој има неколку основни работи. Тоа се причините за уништувањето на културното наследство, основните принципи на при конзервацијата, воедно е даден и начин како да се конзервира целото тоа, а сѐ е надополнето и еден речник за терминологијата. Македонија кубури со кадар за конзервација, многу малку луѓе работиме на непосредна заштита на недвижното културното наследство. Има еден проблем, бидејќи во последно време конзервациите ги изведуваат градежни фирми кои немаат стручни луѓе во тимовите и се прават проблеми со завршувањето на конзервациите – изјави авторот на книгата, проф. д-р Трајче Нацев.