Теодора Тодосовска, студентка на студиската група Италијански јазик и книжевност при Филолошки факултет – УГД, е добитничка на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2026 г. Студентката ја освои наградата со превод на извадок од „Ова море е изгубено“ (Perduto è questo mare) од италијанската писателка Елизабета Рази, роман – финалист на престижната награда за италијански роман „Стрега“
Студентката освои главна награда, а победничкиот превод е објавен во најновиот број на „Културен живот“, а со наградата следува и едногодишно членство во Здружението на преведувачите и толкувачите на РС Македонија (ЗПРМ).
Доделувањето на Наградата се одржа во Салонот на Друштво на писателите на Македонија на 28.10.2026 година. Наградата „Вавилон“ е проект на Здружението за преведувачи на Република Македонија.



