Универзитетот „Гоце Делчев“ и неговите партнери во Европската универзитетска алијанса ACE²-EU остварија историски момент за време на вториот Годишен конгрес, кој се одржуваше на Универзитетот „Константин Бранкуш“ во Таргу Жиу, Романија.
Ректорите и претседателите на деветте универзитети-членки официјално ги ставија своите потписи на темелните обврски кои директно ќе ја трасираат и обликуваат иднината на Алијансата:
- Статутот на правниот субјект на Европскиот универзитет ACE²-EU;
- Деловникот за работа (By-laws) на ACE²-EU, кој детално го утврдува начинот на управување со Алијансата;
- Заедничката декларација на ректорите за формално институционално одобрување.

Со ставањето на овие потписи, ACE²-EU прави одлучувачки и клучен чекор – преодност од Алијанса за соработка кон изградба на заеднички правен и институционален идентитет, односно кон формирање на едно единствено правно лице кое ќе ги обединува сите универзитети.

Овие акти му обезбедуваат на партнерството цврста основа и стабилен пат напред. Тие нудат единствена и заедничка структура за идниот е-Кампус, развојот на заедничките студиски програми, како и за долгорочната одржливост на целата мрежа.
Девет универзитети со единствена и заедничка посветеност за градење на европската иднина во високото образование.
„Она што почна од неформален состанок на аеродром, денес е на чекор да прерасне во еден универзитет. Ова не е само проект на овие универзитети ова претставува иднината не европското образование“, истакна претседателот на Алијансата, проф. Жоао Мутао од Универзитетот „Сантарем“ во Португалија.


