Почитувани алумни,
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип спроведува Прашалник за алумни база, со цел подобро следење на вработливоста, одржување на врската со нашите поранешни студенти и развој на активности за поддршка на кариерата и унапредување на квалитетот на студиските програми.
Вашето искуство и мислење се од големо значење за нас! Со пополнување на овој прашалник придонесувате кон подобрување на студиите, креирање поефикасни програми и зајакнување на мрежата на алумни на УГД.
👉 Ве покануваме да одвоите неколку минути и да го пополните прашалникот на следниов линк (најдоцна до 19.10.2025 г.): https://forms.gle/JiMvPtfPW5dPACTo7
Сите ваши одговори ќе бидат доверливи и ќе се користат само за аналитички цели.
Ви благодариме за времето, довербата и придонесот за развојот на Универзитетот!
Ваш УГД
				
															

