Универзитетот „Гоце Делчев“ денес организираше практична вежба за евакуација и спасување при пожари, која се одржа во објектот на Кампус 2, со почеток во 11 часот.
Вежбата беше изведена во соработка со Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип, која демонстрираше гаснење на пожар и евакуација на повредени лица од тешко достапни места.
Во активностите се вклучи и Општинската организација на Црвен крст Штип, која прикажа постапки за прва помош на повредени при пожар.
Во вежбата учествуваа вработени и студенти кои во моментот на тревогата се наоѓаа во универзитетскиот кампус.
Целта на симулацијата беше зголемување на подготвеноста и координацијата во случаи на пожари и итни ситуации, како и подигнување на свеста за значењето на навремената реакција и правилната постапка при евакуација.
Целта на вакви редовни активности е зголемување на знаењата на вработените и студентите за постапување во време на несакани ситуации, со цел зголемена безбедност на студентите во кампусите на Универзитетот.