Search

Започна реализацијата на „Инцијатива за идни научници“ – бесплатни часови по математика за средношколците

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и годинава ја организира, односно продолжува програмата „Иницијатива за идни научници“. Станува збор за програма преку која бесплатно на матурантите ќе им помогне да ја совладаат материјата, да добијат знаења кои им се потребни полесно да ги полагаат матурските испити, но и да добијат знаења кои ќе им бидат потребни за нивно понатамошно академско усовршување.

Со ова, УГД ја остварува својата општествена одговорност, но и инвестира во иднината на учениците – идни студенти, а преку тоа и во образованието. Годинава имаше Повик за организирање на бесплатни часови по математика, физика, биологија и хемија, а најмногу интерес имаше за математика.

Бесплатните часови започнаа на 17 февруари, а наставата ќе трае во наредните четири месеци – февруари, март, април и мај. Часовите се организираат два пати во неделата.

Часовите ќе ги реализираат професори од средните училишта, во соработка со наставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а се реализираат во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.