Search

Пријавување на испити во Февруарска (двојна) сесија 2026 година

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Февруарска (двојна) испитна сесија:

  • Пријавување на испити: Од 24.12.2025 (00:00 часот), до (заклучно со) 19.01.2026 (23:59 часот),
  • Полагање на испити:
    • Февруарска Прва сесија 2025/2026 година: Од 21.01.2026 до (заклучно со) 04.02.2026 и
    • Февруарска Втора сесија 2025/2026 година: Од 05.02.2026 до (заклучно со) 19.02.2026.

Сесијата е со пријавување и полагање во еден од двата испитни термини.

Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус на студии:

Напомена:

  • Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
    • General medicine и Pharmacy in English language – студентите не уплаќаат дополнителни средства за пријавување
    • Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113
  • Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).

 

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

 

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.