На 28 мај (четврток) студентите од Инструментален оддел на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе одржат концерт во Музејот на македонската борба во Скопје.
Концертот е организиран во соработка со Музичка младина на Македонија, а ќе започне во 19 часот.
Настанот е дел од програмските активности на Музичка младина на Македонија и претставува можност за промоција на младите музички уметници и нивниот уметнички израз.
Концертот е поддржан од Министерство за култура и туризам на РС Македонија.



