Изминатиот период Управниот одбор на ACE²-EU алијансата одржа состанок во Polytechnic University of Santarém, кој беше домаќин на настанот.
На работниот состанок учествуваа ректорите и највисоките раководни претставници на партнерските институции од Алијансата, при што беа разгледани клучни прашања поврзани со идниот развој на ACE²-EU, стратешкото планирање и унапредувањето на соработката меѓу универзитетите членки.
Проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска и проф. д-р Олга Кошевалиска беа претставници во Управниот одбор од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Фокусот на дискусиите беше насочен кон понатамошно зајакнување на европската димензија во високото образование, развој на заеднички академски иницијативи и продлабочување на институционалната соработка во рамки на Алијансата.
Организирањето на состанокот е во согласност со стратегијата за интернационализација на Политехничкиот универзитет во Сантарем и неговата заложба за активно учество во европските мрежи на извонредност, преку кои се поттикнуваат иновациите, мобилноста и квалитетот во високото образование.
ACE²-EU претставува европска универзитетска алијанса која обединува високообразовни институции од повеќе европски земји со цел создавање поинтегриран, иновативен и интернационален европски образовен простор.


