Search

УГД дел од „Active Learning Pedagogy School – Madrid 2026“

Споделете

Претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип активно учествуваа на меѓународната обука „Active Learning Pedagogy School (ALPS) – Madrid 2026“, организирана во рамките на Европската универзитетска алијанса ACE²-EU.

Настанот се одржа во Мадрид, Шпанија, во организација на Universidad Francisco de Vitoria и беше посветен на современи, студентски-центрирани методологии за учење и активна настава. Истиот се одржа во период од 25 до 29 мај 2026 г.

Во обуката учествуваа: проф. д-р Елена Веселинова и доц. д-р Моника Арсова од Економски факултет, проф. д-р Лимонка Коцева-Лазарова од Факултет за информатика, асистент м-р Елена Трајковска од Правен факултет и асистент м-р Ана Михаиловска од Факултет за природни и технички науки.

Преку интерактивни работилници, тимска работа и размена на искуства со учесници од повеќе европски универзитети, нашите претставници имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на активното учење, иновативните наставни пристапи и интернационалната академска соработка.

Учеството на академскиот кадар од различни факултети претставува уште еден значаен чекор кон унапредување на квалитетот на наставата, поттикнување на интердисциплинарна соработка и имплементација на современи образовни практики во рамки на Алијансата ACE²-EU.