На 10 јуни 2026 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на значаен настан – дискусија со Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас.
Настанот ќе се одржи во Свечена сала, Правен факултет – УГД од 14:30 часот.
Ова е одлична можност за студентите, младите и академската заедница директно да разговараат за европските перспективи, можностите што ги нуди Европската Унија, образованието, младинските политики и предизвиците со кои се соочува новата генерација.
Ги покануваме сите заинтересирани да бидат дел од оваа отворена дискусија и заеднички да придонесеме кон градење на европска иднина заснована на знаење, дијалог и соработка.



