ЈАВЕН ПОВИК
Натпревар за фотографии, ликовни дела и постери
„Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“
Во склоп на проектот GREENSTRARS, Универзитетот „Гоце Делчев“ распишува Јавен повик за учество на креативен натпревар за средношколци и студенти на тема:
„Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“
Целта на натпреварот е да се поттикнат младинската креативност, критичкото размислување и активното согледување на предизвиците и можностите за развој на современиот град. Преку своите дела, учесниците ќе можат да ја претстават сопствената визија за урбаниот развој, јавниот простор, животната средина, културата и иднината на градот.
Право на учество имаат сите средношколци и студенти, а може да се пријават во една или повеќе од следните категории:
- Фотографија
- Ликовно дело
- Постер.
Секој учесник учествува индивидуално и може да поднесе најмногу 4 оригинални и авторски труда.
Шесте најдобри трудови ќе добијат награди, при што ќе се оценуваат одделно трудовите на средношколците и студентите во категории:
- Најдобра фотографија
- Најдобро уметничко дело
- Најдобар постер.
Краен рок за поднесување на трудови: 1.9.2026 година.
Сите добиени трудови ќе бидат изложени на 25 септември 2026 година во склоп на настанот „Европска ноќ на истражувачи“, а на настанот ќе бидат прогласени и победниците од двете категории: средношколци и студенти.
Целиот Јавен повик е достапен на линкот.



