Search

Натпревар за средношколци и студенти – фотографии, ликовни дела и постери на тема „Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде

Споделете

ЈАВЕН ПОВИК

Натпревар за фотографии, ликовни дела и постери

„Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“

Во склоп на проектот GREENSTRARS, Универзитетот „Гоце Делчев“ распишува Јавен повик за учество на креативен натпревар за средношколци и студенти на тема:

„Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“

Целта на натпреварот е да се поттикнат младинската креативност, критичкото размислување и активното согледување на предизвиците и можностите за развој на современиот град. Преку своите дела, учесниците ќе можат да ја претстават сопствената визија за урбаниот развој, јавниот простор, животната средина, културата и иднината на градот.

Право на учество имаат сите средношколци и студенти, а може да се пријават во една или повеќе од следните категории:

  • Фотографија
  • Ликовно дело
  • Постер.

 

Секој учесник учествува индивидуално и може да поднесе најмногу 4 оригинални и авторски труда.

Шесте најдобри трудови ќе добијат награди, при што ќе се оценуваат одделно трудовите на средношколците и студентите во категории:

  • Најдобра фотографија
  • Најдобро уметничко дело
  • Најдобар постер.

 

Краен рок за поднесување на трудови: 1.9.2026 година.

Сите добиени трудови ќе бидат изложени на 25 септември 2026 година во склоп на настанот „Европска ноќ на истражувачи“, а на настанот ќе бидат прогласени и победниците од двете категории: средношколци и студенти.

Целиот Јавен повик е достапен на линкот.