Search

Отворен Повик за Fulbright Scholar програмата за академската 2027/2028 година

Споделете

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија го објави Повикот за аплицирање на престижната Fulbright Scholar програма за академската 2027/2028 година, наменета за доктори на науки и истражувачи од Северна Македонија.

Програмата овозможува престој и спроведување истражување на американски универзитети и истражувачки институции во траење од еден или два семестри (5 или 9 месеци), со финансиска поддршка обезбедена од Стејт департментот на САД.

Право на аплицирање имаат кандидати кои поседуваат докторска диплома, имаат македонско државјанство и се вработени во Северна Македонија. Потребно е да достават детално разработен истражувачки проект, биографија, препораки, потврда за вработување и покана од американска институција.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Амбасадата на САД во Северна Македонија. https://mk.usembassy.gov/the-fulbright-scholar-competition-for-the-academic-year-2027-2028-is-now-open/