Search

Интерен оглас

Споделете

Врз основа член 6 став (2) и став (3) од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. Весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 143/19, 14/20, 144/25 и 252/25), член 28-а од Законот за работни односи („Сл. весник“ бр. 167/2015 (пречистен текст), 27/16, 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 74/25 и 124/225), член 160 став (1) точка 2 и став (3) од Законот за високото образование и („Сл. Весник на РМ“ бр. 82/2018 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 178/21, 58/24 и 124/25), Правилникот за систематизација на работните места, Годишниот план за вработување за 2026 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и согласноста од надлежните министерства    

 УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

Објавува

Интерен оглас бр. 1/2026

за унапредување на неопределено време на работно место:

 

  1. ОБН0102В02026 звање: Виш соработник за студентска архива, работно место: Виш соработник за студентска архива во Одделение за студентска архива -2 извршители

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

– најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Општи работни компетенции на средно ниво

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

– учење и развој

– комуникација

– остварување резултати

– работење со други/тимска работа

– стратешка свест

– ориентираност кон странките/засегнати страни и

– финансиско управување

  1. ОБН0102Б04008 звање: Раководител на одделение за библиотечно работење, работно место: Раководител на одделение за библиотечно работење во Кабинет на проректор за настава и студенти-1 извршител

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, историски науки, археологија или  организациони науки и управување (менаџмент)

– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

– потврда за положен испит за административно управување

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Општи работни компетенции на напредно ниво

– учење и развој,  комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.

Општи услови за сите работни места

–   да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Распоред на работно време за сите работни места

– Работни денови од понеделник-петок; Работни часови неделно 40 (од понеделник до петок); Опис за работното време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

Паричен нето износ на плата за работно место:

  1. ОБН0102В02026 Виш соработник за студентска архива – 53.494 ден.
  2. ОБН0102Б04008 Раководител на одделение за библиотечно работење – 68.464 ден.

 

Пријавата по Огласот, се доставува во рок од 3 (три) работни дена. Прв ден на  Огласот  е првиот нареден работен ден, сметано од денот на објавувањето на ВЕБ страната на Универзитетот. Ако последниот ден се паѓа во сабота или недела или друг неработен ден согласно со закон, последен ден на Огласот е првиот нареден работен ден.

Право на учество имаат сите вработени на Универзитетот кои ги исполнуваат општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 20 дена од завршувањето на огласот.

Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават во материјална форма потребните документи/докази за исполнување на општите и посебните услови:

  • кратка биографија- CV
  • уверение за државјанство не постаро од 6 месеци
  • доказ за општа здравствена способност за работното место не постар од 6 месеци
  • доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постар од 6 месеци
  • доказ за работно искуство во струката
  • диплома за завршено образование
  • доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
  • потврда за положен испит за административно управување, за работните места за кои се бара

Пријавата и документите во оригинал или фотокопија заверена на нотар се доставуваат до архивата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10А Штип; тел. 032-550-046.

Потребните документи/докази за исполнување на општите и посебните услови со кои располага Одделението за човечки ресурси во оригинал или фотокопија заверена на нотар, кандидатите за унапредување кои се вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, може да ги достават во обична фотокопија.

Постапката за селекција ја спроведуваат Комисиии за селекција,  кои ќе треба да достават предлог за унапредување до овластеното лице кај работодавачот. Комисиите ќе ја спроведат селекцијата на кандидати во три фази и тоа: селекција која опфаќа проверка на поднесените докази за исполнување на условите за работното место, втора фаза е полагање на квалификациски тестови  во хартиена форма и интервју како трета фаза.

Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

Ген. секретар, м-р Ристо Костуранов