Во четврток, 13.10.2026 г., со почеток во 12 часот, во свечената сала на Правниот факултет ќе биде промовирана книгата „Епископскиот град Баргала“ на проф. д-р Трајче Нацев од Факултетот за образовни науки при УГД.
Книгата „Епископскиот град Барала“ на проф. д-р Трајче Нацев сеопфатно и интегрирано ги обработува најновите резултати и сознанија од истражувањата на локалитетот кои фрлаат нова светлина на истражените и конзервирани содржини во рамките на градското јадро, утврдениот простор, како и просторот надвор од градските ѕидини, extra muros.
Оваа книга на авторот проф. д-р Трајче Нацев несомнено ќе ја збогати научната мисла и перцепција за фазите низ кои поминувал градот Баргала низ периодот на доцната антика и раното и доцното средновековие, градбите кои се интегрален дел од градот кои говорат за степенот на неговиот развој и улога што ја имал на поширокото подрачје во функција на епископско седиште.



