Search

Отварање на УГД Стартап центар и хакатон „Од идеја до решение“

Споделете

На 30 ноември 2026 година (понеделник), со почеток во 12:30 часот, свечено ќе биде отворен новиот УГД Стартап центар на Економскиот факултет при УГД. Настанот ќе биде проследен и со дводневен хакатон под мотото „Од идеја до решение“, посветен на иновациите, претприемништвото и одржливиот развој.

Овој настан се реализира со поддршка на европската универзитетска алијанса ACE²-EU и претставува платформа која ги поврзува студентите, истражувачите, институциите и бизнис-заедницата.

Програмата започнува во понеделник на 30 ноември во 12:30 часот со свеченото на кое свои обраќања ќе имаат:

  • проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип;
  • проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука;
  • м-р Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип;
  • г-ѓа Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво на Република Северна Македонија;
  • проф. д-р Дарко Лазаров, проректор за инвестиции и развој и координатор на УГД Стартап центарот.

 

Во рамките на свеченоста предвидени се и поздрави обраќања на меѓународни гости и експерти: Sangeetha Ratnayake (Head of ARIS Incubator, ACE²-EU), Janine Lang (Head of Startup Center, Technische Hochschule Ingolstadt) и Prof. Moshe Zviran (Head of Innovation & Entrepreneurship at Tel Aviv University). На настанот официјално ќе бидат доделени и сертификати за менторска поддршка на стартапи во рамките на проектот IMPACTWHEEL.

После свеченото отворање започнува Хакатонот насловен „Од Идеја до Решение“. Хакатонот продолжува и во вторник, 1 декември 2026 година, кога учесниците во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе работат на развој и доработка на своите бизнис идеи, тимска работа и креирање иновативни решенија со менторска поддршка од експерти и претставници на бизнис-заедницата.

Тимовите ќе ги презентираат своите развиени идеи пред стручна комисија, по што ѓу бидат извршени евалуација, прогласување на победничкиот тим и доделување на сертификати за учество.