Наставничкиот кадар од партнерските универзитети на Европската универзитетска алијанса ACE²-EU има можност да учествува на онлајн работилница од серијалот Active Learning e-Pedagogy Schools (ALES), посветена на примена на дигитални алатки во современата настава.
Работилницата ќе се одржи на 26 март 2026 година од 15.00 до 17.00 часот и ќе се реализира во онлајн формат.
Во фокусот на обуката е платформата Miro, интерактивна дигитална табла која овозможува колаборативна работа, визуелна организација на знаењето и креирање интерактивни активности за студенти во онлајн и хибридна настава.
Учесниците ќе се запознаат со основните и напредните функции на алатката, вклучително и користење на дигитални елементи како sticky notes, рамки и поврзувачки линии, како и интеграција на различни материјали како PDF документи и слики.
Обуката е организирана од Technische Hochschule Ingolstadt (Германија), а предавачи се Florian Beil и Katherine Roegner.
По завршувањето на работилницата, учесниците ќе добијат официјален сертификат за учество.
Работниот јазик на курсот е англиски јазик, со препорачано ниво B1–B2.
Заинтересираните наставници може да се пријават најдоцна до 25 март 2026 година преку следниов линк:
https://forms.gle/hdeyV1pYy3NqF9ka8
По регистрацијата, сите пријавени учесници ќе добијат Microsoft Teams покана со линк за следење на работилницата.
Повеќе детали на следниов линк: https://www.ace2eu.eu/event/miro-whiteboard-a-tool-for-collaboration/


