Животно мото: Успехот започнува кога ќе престанеш да се сомневаш во себеси и ќе почнеш да делуваш.
Мојот рецепт за успех: Дисциплина, напорна работа и постојано вложување на труд се дел од мојот рецепт за остварување на поставените цели.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа:
Како најголем предизвик ми беше балансирањето на факултетските обврски и работата во семејниот бизнис за производство на цвеќе, но благодарение на достапноста, поддршката и посветеноста од страна на професорите на факултетот успеав да се справам со секој предизвик.
Факултетот и насоката ги избрав затoa што:
Земјоделството е основата на животот, без храна – нема живот. Факултетот и насоката ги избрав затоа што сакав да се стекнам со повеќе знаења за градинарското производство на здрава и квалитетна храна. Изборот конкретно беше УГД, затоа што има најсовремен пристап за студентите.
Со УГД се дружев: Четири години, кои покрај стекнување на знаење и вештини беа исполнети со многу активности, практична настава, дружби и патувања.
Праксата на УГД како составен дел од студиите ја остварив во:
„Уни-сервис агро“ при Земјоделски факултет; Лабораторија за растителна биотехнологија при Земјоделски факултет во Наставен центар Струмица; ДООЕЛ „Флокс АН‘‘ – Струмица.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна:
Достапноста и советите од страна на професорите многу ми помогнаа во понатамошниот развој на кариерата, истовремено и современиот електронски систем што го нуди УГД со кој материјалите за учење се достапни за секој и полесно се справувавме со пријавувањето на испити, заверка и запишување на семестри.
Совет за младите како идни студенти:
Инвестирајте во себе и во вашата иднина и никогаш не се откажувајте од вашите цели кои вредат многу повеќе од вашите стравови.


