Академијата за наука и култура од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ е домаќин на работна средба на тимот за управување со проектот #Newaves, како и на едномесечната програма за мобилност за вработени во локалните радиостаници, партнери на проектот.
Ова е проект кој работеше две години на развој на прекугранична и меѓусекторска заедница која ќе соработува и ќе има пристап до различни алатки и ресурси, вклучително и дигитална платформа за дистрибуција на радиопрограми во различни жанрови.
Во Осиек, покрај работата на Конзорциумот на тема моментални активности и план на работа до завршувањето на проектот, се работеше и со новинари од земјите учеснички. Така, во рамки на Програмата за мобилност, составен дел на проектот, се одржа петдневна работна активност во која триесетина новинари од радиостаниците партнери на проектот од Португалија, Македонија, Словачка и Хрватска имаа можност да ги усовршат своите знаења и вештини од неколку области. И тоа:
- Уредување на видеоматеријали и фотографии за изработка на разноразни информативни материјали (video storytelling, reels);
- Дигитални вештини;
- Управување со проектен циклус;
- Начин за прибирање средства од други активности поврзани со дејноста на радиостаниците;
- Продажба и изнајмување на рекламен простор.
Со ова, Проектот спроведе центар за трансфер на знаење за радиосекторот на локално ниво и ги подобри професионалните вештини на новинарите и медиумските работници. Како дел од проектот УГД даде придонес во развојот на платформата и активностите во текот на реализација на предвидените модули и програми. Петмина професори на УГД учествуваа во развојот на одделни тематски единици, а еден наш вработен одржа и работилница во делот Управување со проектен циклус.
Проектот „NEWAVES“ не е само платформа на која локалните радиостаници ќе можат да поставуваат и разменуваат прилози од интерес за другите, туку е и можност за осовременување на знаењата и вештините на новинарите.
Впечатоците на новинарите од програмата за обилност се крајно позитивни. Дури имаше инцијативи за нови слични активности, кои во голема мера би им помогнале подготвени да го пречекаат новото дигитално време.
„NEWAVES“ отвора нови страници во напорите за одржување на локалните радиостаници, кои сѐ почесто се наоѓаат изолирани и беспомошни во трката со поголемите медиумски куќи, кои, за жал, вестите од местата кои се наоѓаат во неразвиени подрачја не ги сметаат за важни.
Во Осиек во рамките на овие петдневни активности беа разгледани и усвоени информациите за постигнатите резултати и активности кои треба да бидат завршени до 7 јуни 2025 година, денот на завршување на #NEWAVES.