Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја отвори апсолвентската студентска изложба на апсолвентите 2025 на студиската програма Дизајн на ентериер и мебел.
На изложбата, поставена во холот на Кампус 2 на УГД, се презентирани проектите на студентите изработени во текот на нивниот образовен циклус.
-Денешната изложба е наша, на студентите од четврта година, апсолвенти на Факултет за природни и технички науки. Сите ние заедно напорно работевме овие четири години и во нашите проекти можете да забележите различни видови на концепт и дизајн, како ентериер така и екстериер и дел од индустриски дизајн. Работевме реални локации, така што ќе можете да видите наши креативни решенија кои можат да се имплементираат во реалноста. Мислам дека ние како една креативна група имавме за цел малку да дадеме визија на ова наше поднебје – изјави Сара Пановска, апсолвентка на Факултет за природни и технички науки.
За студирањето на ФПТН, Сара вели дека искуството е навистина убаво, бидејќи студентите имале добра меѓусебна соработка и добра соработка со своите професори.