Во рамки на проектот „Macedonian EURAXESS Startup Hub pre-acceleration“, дел од програмата „ERA TALENT – Multiplying the Impact of EURAXESS Hubs Application“ на мрежата EURAXESS, предвиден е натпревар на тема „Од наука до старт-ап компанија: Како научниците ја создаваат иднината на биоинформатиката“.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е дел од проектниот конзорциум и е одговорна институција за организација на натпреварот во Македонија. Натпреварот е во коорганизација со НЦРИПУ (Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење).
МАНУ ги повикува студентите, постдипломците или докторандите кои имаат реализирани истражувачки активности поврзани со биоинформатиката во рамки на своите семинарски, дипломски, магистерски или докторски истражувања и каде што има можност за трансформација на истражувањето во производ или услуга со пазарен потенцијал да се пријават на повикот.
Крајна цел на натпреварот е да се поддржат истражувачите да развијат свои старт-ап компании.
Сите области кои имаат некаква поврзаност со биоинформатиката се добредојдени да се пријават на натпреварот (природни, медицински, технички и други науки).
Натпреварот се одвива на англиски јазик. Резултатите од истражувањето може да бидат презентирани од тимови од максимум пет лица. Тимовите може да бидат и од мултидисциплинарен карактер, т.е. може да се составени од истражувачи од различни научни области и нивоа на образование.
Рокот за пријавување на резултатите од истражувањето во форма на бизнис-идеја, односно бизнис-концепт е до 13 јуни 2025 година, до 17 часот.
Формуларот за пријавување е достапен на следниов линк.
Најдобрите 10 тимови ќе бидат повикани на усна презентација (pitching) на својот концепт за трансформација на резултатите од истражувањето во старт-ап компанија. Финалниот дел од натпреварот ќе се одвива во МАНУ на 18 јуни 2025 година, во 11 часот.
Најдобрите три тима ќе добијат награди во вредност од:
- место: 2,500 евра;
- место: 1,000 евра;
- место: 500 евра.
За подетални информации може да се обратите до д-р Јана Проданова, jprodanova@manu.edu.mk и д-р Радмил Поленаковиќ, radmil.polenakovik@mf.edu.mk, или да прочитате на: