Search

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2026 година

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија:

  • Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2026 ќе се реализира во периoдот од 01.08.2026 (00:00 часот), до (заклучно со) 14.08.2026 (23:59 часот)
  • Полагање на испити во Септемвриска прва сесија 2026: Од 18.08.2026 до (заклучно со) 07.09.2026
  • Полагање на испити во Септемвриска втора сесија 2026: Од 09.09.2026 до (заклучно со) 28.09.2026

 

Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус на студии:

Начин на пријавување на испити Категорија Електронско пријавување преку Е-индекс
Редовна сесија Редовни студенти

Уплата од 20 денари за испит и уплата за АТ од 50 денари

Вонредни студенти

Уплата од 320 денари за испит и уплата за АТ од 50 денари

Дополнителна сесија Редовни студенти

Уплата од 320 денари за испит и уплата за АТ од 50 денари

Вонредни студенти

Уплата од 620 денари за испит и уплата за АТ од 50 денари

 

Напомена:

  • Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
    • General medicine и Pharmacy – студентите не уплаќаат дополнителни средства за пријавување
    • Computer engineering and technologies, International law and international relations и Bussines Economic – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113
  • Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).

 

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

 

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.