Search

угд фм |     contact@ugd.edu.mk

ИНФО ДЕН за Еразмус плус програмата на УГД

Споделете

Канцеларијата за меѓународна соработка при УГД организираше Инфо ден за Еразмус плус повикот кој веќе е објавен на веб-страницата и споделен на социјалните мрежи.

М-р Милкица Панева од Канцеларијата за меѓународна соработка пред заинтересираните студенти ги сподели информациите кои се важни за сите кои сакаат да поднесат апликација и да поминат дел од своите студии на некој од европските универзитети.

„Сите заинтересирани студенти, пред сѐ, треба да проверат на страната на центарот со кои европски универзитети УГД има склучено договор, и од нив да направат избор. Исто така, треба да имаат и мотивациско писмо, како и да ги подготват и приложат (во копија) сертификатите кои ги имаат за одредени стручни усовршувања. Сите апликанти, исто така, треба да имаат доказ (сертификат, потврда, уверение) за познавање на англиски јазик. “

Присутните студенти имаа можност да постават прашања и да дознаат сѐ што ги интересира во врска со повикот за Еразмус размена, а пред нив своите искуства ги споделија и досегашни учесници во програмата на Еразмус плус.